Кариус: Само Рамос знае дали намерно ме повреди

karius

Германскиот голман, Лорис Кариус уште еднаш се потсети на минатосезонските случувања во финалето на Лигата на шампионите кога неговиот Ливерпул претрпе пораз од Реал Мадрид, а тој направи неколку катастрофални грешки со кои директно влијаеше врз резултатот.

Меѓутоа на овој дуел Кариус претрпе и потрес на мозокот при еден дуел со Серхио Рамос, нешто што беше утврдено неколку дена по средбата, фактор кој можеби и влијаеше германскиот голман да направи кардинални грешки.

Сепак сегашниот чувар на мрежата на Бешикташ не сака во тоа да бара оправдување, изговор иако јасно посочува дека можно е тоа да имало влијаени врз неговиот настап.

-Никој никогаш нема да ја знае врската помеѓу ударот што го добив и грешките подоцна направени на теренот, не е изговор, туку само објаснување. Не знам дали Серхио Рамос намерно ме повреди. Само тој знае, но тоа не е важно. Тој никогаш не ми се извини. Тестовите што ги направија покажаа дека имав оштетување на видот. Во нормални околности тешко е да се замисли дека ќе ги направам тие грешки, -рече Кариус.

Facebook Коментари