Англија
Кариус предвреме се враќа во Ливерпул: Жално е што заврши на ваков начин (Фото)
Лорис Кариус го пријави својот случај во ФИФА со надеж дека ситуацијата со Бешкиташ ќе се подобри пред решавање на глобалната криза со коронавирусот, но ова попладне самиот тој објави дека нема да го доработи договорот со турскиот клуб откако наишол на големи опструкции.
Кариус се враќа во Ливерпул пред предвиденото време откако Бешикташ одби да го исплаќа во овие корона услови, па сега станува јасно дека Јирген Клоп ќе добие „голман плус“ во тимот доколку сезоната се рестартира во Премиер лигата. Дефинитивно, фановите на Ливерпул немаат добри спомени од Кариус кога е во прашање неговиот последен настап, па малку е верно дека ќе добие било каква шанса од германскиот стручњак.
– Денеска го раскинав мојот договор со Бешикташ. Жално е што имаме ваков крај, но треба сите да знаат дека се обидов на секој начин да ја решам оваа ситуација. Бев трпелив долги месеци, зборував со управата повеќе пати. Се случија истите работи како минатата сезона, а за жал проблемите не беа решени и дури одбија да прифатат мое намалување на платата. За мене важно е да се знае дека навистина уживав во овој клуб. Бешикташ може да биде горд на страствените фанови кои ги има како поддршка. Ме поддржуваа во добрите и лошите моменти и ќе ги паметам на најдобар начин. Благодарност и до соиграчите, тренерите и сите вработени во клубот. Ме прифатија со отворени раце од првиот ден, – порача Кариус.
-
НБА10 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија5 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија3 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
НБА10 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Европски купови21 час
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
Шпанија21 час
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна
-
Шпанија11 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..