Кариус направи кикс и против Борусија, Касилјас збесна на социјалните мрежи (Видео)

iker-objasnuva

Ливерпул и Борусија Дортмунд изминатава ноќ го одиграа пријателскиот меч од рамките на Интернационалниот куп кој се игра во Америка, пресметка која изобилуваше со доста шанси, а на крајот ни донесе пресврт на „милионерите“ кои славеа со 3:1.

Англискиот тим поведе со голот на Ван Дајк, но Борусија направи комплетен пресврт во вториот дел со головите на Пулишиќ (два) и Ларсен. Прв голман на Ливерпул на овој меч беше Лорис Кариус кој се појасно е дека брани со огромен притисок, а најдобар доказ за тоа е фактот што изминатава ноќ имаше нов кикс кој не успеа да го казни Максимилијан Филип.

Кариус експресно стана предмет за потсмев меѓу сеирџиите на социјалните мрежи поради тоа што лошо ја изби топката, а сето ова и константниот притисок кој се создава врз германскиот голман по неговиот кикс во финалето го налути Икер Касилјас кој застана во одбрана на својот колега.

– Ќе завршат ли некогаш овие напади кон Лорис Кариус? Зборувам за него како за многу други голмани. Има многу посеризни проблеми во светот! Оставете го момчето на мира! Тој е обичен човек како сите нас!, – порача нервозниот Икер на кого очигледно му дојде преку глава од потсмевот на сметка на голманот на Ливерпул.

Facebook Коментари