Поврзете се со нас

Олимписки игри

Карини и се извини на контроверзната алжирска боксерка, ИБА ќе ја награди како да освоила златен медал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FPIBoxe

Боскерскиот турнир во женска конкуренција носи најмногу контроверзи на Олимписките игри во Париз, а во центарот на вниманието се Алжирката Иман Келиф и Лин Ју-тинг од Тајван кои имаат повисоко ниво на тестостерон и според дел од јавноста и Интернационалната боксерска асоцијација не треба да се натпреваруваат во оваа конкуренција.

Келиф го доби дуелот со Анџела Карини по само 46 секунди, откако Италијанката ја предаде борбата по добиените два силни удари, а сега реши да се извини за своето однесување во рингот.

– Сите овие контроверзи ме прават тажна, жал ми е за противничката, ако ИОК тврди дека треба да се натпреварува јас ја почитувам таа одлука.

– Она што го направив не беше планирано, впрочем сакам да и се извинам на неа и на сите инволвирани. Бев лута поради фактот што морав да го завршам олимпискиот настап, – изјавила Карини, која ја изненади јавноста со ваквата реакција еден ден по скандалот.

ИБА најави дека ќе и додели 50.000 долари на Карини и уште по 25.000 долари за нејзиниот тренер и федерацијата, односно Италијанката ќе ја добие премијата која асоцијацијата ја најави за сите освојувачи на златни медали на ОИ во Париз.

Самата ИБА предводена од Умар Кремлев има контроверзно портфолио поради кое ја загуби поддршката од ИОК, но и од федерациите кои најавија формирање на нова светска боксерска федерација.

Алжирката Келиф денеска има нов настап во рингот и нејзина противничка ќе биде Унгарката Ана Лука Хамори. Унгарската боксерска федерација веќе испратила протестни писма до ИОК и Унгарскиот олимписки комитет поради четвртфиналното соочување со Келиф, но Хамори изјавила дека не се плаши од ривалката и ќе се појави во рингот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни