Карик: Еден час бев во дневната соба на Венгер, но потоа Фабрегас уништи сè!

karik-aon

Угледниот британски таблоид „Тајмс“ има ексклузивно право да објавува епизодни извадоци од автобиографијата на Мајкл Карик, легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед кој од оваа сезона е и десна рака на Жозе Мурињо во стручниот штаб на Португалецот.

Во текот на вчерашниот ден беше обелоденото колку тешко му паднала на Карик грешката која ја наравил во големото финале со Барселона во 2009 година, а во денешната вест посебен акцент се става на необичниот сплет на случувања кои ги доживеал играчот за врска во 2004 година.

Карик открива дека бил на чекор од заминување во Арсенал и практично еден час седел во дневната соба на Венгер во Лондон, а потоа работата ја расипал Сеск Фабрегас кој се докажал на следниот меч на кој добил шанса на 17-годишна возраст.

– Добив повик од Арсенал за да имам средба со Арсен Венгер. Бидејќи во тие моменти бев во близина на Северен Лондон, застанав пред неговата куќа и потоа имавме средба. Речиси еден час бев во дневната соба на Венгер, се прашував во себе каде се наоѓам. Си велев, дали е можно, ова е Арсенал. Ќе потпишам за „непобедливите“ кои цела сезона немаа пораз. Речиси цел час зборувавме за фудбал, следен меч на Арсенал беше Комјунити шилд меч, а тоа што одвои време за мене, беше јасен знак дека е заинтересиран да ме купи. Во неделата, Арсенал го играше својот меч, а јас ги гледав од дома, мислев дека го гледам мојот тим против Манчестер Јунајтед. Шанса доби 17-годишниот Фабрегас на местото на Виеира. Одигра феноменално, но не мислев дека тоа ќе има било какво значење. Во недела ноќта не можев да заспијам поради повикот кој требаше да го добијам наредниот ден. Но, тој повик никогаш не дојде. Следниот ден отидов во тренинг кампот на Вест Хем и ми беше кажано дека трансферот е откажан. Извини Мајкл, но перформансите на Фабрегас го променија мислењето на Венгер, гласеше пораката од Арсенал. Бев тотално уништен, – пишува во книгата на Карик.

Facebook Коментари