Поврзете се со нас

НБА

Кари за првпат во кариерата даде кош за победа со звукот на сирената, Леброн повторно лидер на Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Голден Стејт Вориорс издвојува тешка победа над Хјустон Рокетс од 105-103, победа која беше во знакот на Стеф Кари.

„Воините“ одново имаа многу проблеми и лесно можеа да загубат уште еден меч од екипата која е послаба од нив со оглед на тоа што претходниот ден во Сан Франциско ги доби ослабената Индијана Пејсерс. Сепак Стеф спречи ново изненадување и тоа со звукот на сирената за 33 славје на Голден Стејт во актуелнава кампања.

Интересно ова за Кари беше прв ваков момент, односно за прв пат погоди за победа со звукот на сирената во кариерата. Претходно седум пат има погодоци кога најмногу било потребно, но секогаш останувале секунди, стотинки до крајот.

Инаку плејмејкерот заврши со 22 поени, 12 асистенции и 4 скокови, Пул додаде 20 кошеви. Кај „ракетите“ прво име беше Вуд со 19 кошеви.

ЛА Лејкерс многу потешко од очекувањата избори победа на Флорида против Орландо Меџик со 116-105. „Еезрџиите“ губеа со осум разлика на полувреме (62-54), па мораа да се будат во продолжението во кое заиграа подобро во одбраната и поквалитетно во нападот.

Леброн мораше да се троши и на овој меч кој го заврши со 29 поени, 7 скокови и 5 асистеции. Добар беше и ветеранот Ентони кој од купата додаде 23 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Оклахома 121-98, Орландо – Л.А. Лејкерс 105-116, Филаделфија – Л.А. Клиперс 101-102, Атланта – Мајами 110-108, Бостон – Портланд 105-109, Милвоки – Чикаго 94-90, Вашингтон – Торонто 105-109, Сан Антонио – Бруклин 102-117, Денвер – Мемфис 118-122, Јута – Детроит 111-101, Голден стејт – Хјустон 105-103.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни