Поврзете се со нас

НБА

Кари за обвинувањата дека ја уништил кошарката: Не се грижете, ќе продолжам да шутирам тројки

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Стеф Кари е еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња, а веројатно најдобар шутер во историјата на НБА и кошарката, човек кој едноставно донесе нов бран во овој спорт, бран за кој има позитивни и негативни реакции.

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс е позната по шутевите за три поени, нешто што низ годините почна се повеќе да се користи пред се во НБА, па сега секој се обидува да погоди од поголема дистанца, да зема такви шутеви со што едноставно се губат неокој основни елементи од кошарката.

Се забележуваат и негативни рекорди, па пред некое време легендарниот Шекил О’Нил порача и дека Стеф ја уништил кошарката.

Кари кој е четирикратен НБА шампион имаше што да каже на темава и порача:

-Секој има свое мислење. Не можам да излезам на теренот и да забивам со спин од 360 степени или да забивам над некого. Лично, никогаш нема да бидам против шутот за три поени.

-Има одредени трендови кои почнаа да се појавуваат во лигата. Гледате многу „големи“ играчи кои доминираат на пост. Тоа е како крајност, а поентата е дека одбраната се прилагодува и само треба време. Ќе видиме каде ќе оди ова. Ќе продолжам да шутирам тројки, така да не се грижете за тоа, -порача клучниот играч на „воините“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни