Поврзете се со нас

НБА

Кари во акција: Тројката за шампионски прстен на повеќе јазици (ВИДЕО)

Објавено

на

Голден Стејт Вориорс излезе како победник од финалната серија против Бостон Селтикс во НБА лигата и дојде до четвртиот пехар во последните седум години во најсилниот шампионат на светот.

Најголеми заслуги за ова имаше Стеф Кари кој сосема заслужено го понесе признанието МВП во оваа финална серија. Тој беше најконстантен, најдобар кога најмногу требаше како на шестата средба во која уфрли 34 поени кои беа повеќе од доволни за четврти триумф на „воините“ и крај на возбудувањата за кампањата 2021/2022.

Кари на завршниот дуел во „Ти-Ди Гарден“ даде шест тројки од кои по една во вториот дел кога веќе стануваше јасно дека ќе го освојат пехарот тој порачуваше дека е време за нов прстен.

Овој момент го имаме од повеќе коментатори на повеќе јазици меѓу кои и оној од „Арена“ каде ние ги следиме настаните од НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни