Поврзете се со нас

НБА

Кари: Тимовите сакаат да не „згазат“ поради нашата доминација во последните години

Објавено

на

Екипата на Голден Стејт Вориорс претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс од 117-91, пораз по кој интересна изјава имаше плејмејкерот на „воините“, Стеф Кари.

Кари смета дека сите екипи во шампионатот се дополнително мотивирани кога играат против нив и сакаат убедливо да ги поразот од проста причина што не можат да го заборават минатото, поточно доминацијата на Голден Стејт во последните неколку години, период во кој Стеф, Томпсон и компанија освоија три шампионски титули.

-Дрејмонд ни кажа на полувреме, мора да запаметиме дека кога играме добро, врземе три победи во низа, тимовите се уште сакаат да не победат и тоа да не згазат. Се уште ги паметат последните пет-шест години, -рече Кари кој не верува дека ривалите ќе ги заборават поразите од нив.

-Се надевам дека не. Тоа е одлична работата затоа што планираме да се вратиме, -порача ѕвездата на Вориорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни