Поврзете се со нас

НБА

Кари со маестрални дриблинзи ја измеша одбраната на Клиперс, Лејкерс претрпе нов тежок пораз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Дербито на вечерта во НБА лигата се играше во „Чејс центарот“ во Сан Франциско каде видовме пресметка на два ѕвездени тима, од која на крајот како поуспешни излегоа домаќините.

Голден Стејт предводен од Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин го доби дуелот со ѕвездената тројка на Клиперси предводена од Ленард, Вестбрук и Харден, па така „воините“ продолжија со својата топло-ладно форма во НБА лигата.

Домашниот тим беше стекна двоцифрена предност во втората четвртина и истата успеваше да ја одржува во најголем дел од мечот, па на крајот славеше со 120:114.

Стеф Кари беше лидер во својот тим и постигна најмногу поени, дури и во ситуација кога ударот за три поени не му беше наштелуван како што обично е случај со него.

Лидерот на „воините“ имаше маестрални влезови и посебно се истакна еден во четвртата четвртина, кога без проблеми се справи со тројца чувари во ректот, од кои еден беше и Харден. Стеф го заврши мечот со 26 поени, 7 скокови и 8 асистенции, Томсон уфрли 22 поени, а Грин 15. Во противничкиот табор, Ленард запиша 23 поени, Харден 18, а Вестбрук 14 поени.

Од останатите средби, вреди да се издвои високата победа на Оклахома, односно новиот тежок пораз кој го претрпе Лос Анџелес Лејкерс, овој изразен со резултат 133:110.

НБА резултати:

Кливленд – Портланд 95:103
Бруклин – Шарлот 128:129
Мајами – Индијана 142:132
Њујорк – Детроит 118:112
Чикаго – Милвоки 120:113
Минесота – Јута 101:90
Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 133:110
Сан Антонио – Атланта 135:137
Голден Стејт – ЛА Клиперс 120:114

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни