Поврзете се со нас

Шпанија

Кари: Сегашната ѕвезда на Реал е страствен фан на Барса, плачеше по историските 6:1 над ПСЖ

Објавено

на

Жерард Пике минатата седмица откри дека Винисиус Жуниор имал постигнат договор со Барселона и било подготвено се за да пристигне на „Камп Ноу“, но потоа во целата зделка се вмешал Флорентино Перез кој со многу подобра понуда го привлекол талентираниот играч кој сега е голема ѕвезда во првиот тим на Анчелоти.

Пике за новата ѕвезда на Реал: Винисиус имаше договорен трансфер во Барселона

Бразилецот одигра круцијална улога и во вчерашната победа која ја оствари Реал од 1:2 над „Камп Ноу“, натпревар по кој со интересна изјава се јави и поранешниот угледен скаут на Барселона задолжен за подрачјето во Јужна Америка.

Андре Кари како дел од техничкиот тим на Барселона за скаутинг бил задолжен за договорањето на Винисиус Жуниор, за кого сега тврди дека е огромен фан на каталонскиот гигант.

– Винисиус е огромне фан на Барселона, страствено навиваше за Барса. Плачеше ноќта кога Барса го елиминираше ПСЖ со историските 6:1 во Лигата на шампионите. Кога играше ФИФА со пријателите, постојано ја избрираше Барселона, за него најдобар играч беше Нејмар. Би го кажал ова и пред него и сигурен сум дека тој нема да го негира, знам дека е доволно искрен.

– Покрај Винисиус, Барселона беше во предност и за Родриго. Имавме постигнато договор со неговиот татко, но Барселона не го комплетираше трансферот. Тогаш, повторно Реал стапи на сцена. Мадрид го купи Винисиус за да не им се повтори Нејмар, но кога дознаа дека сакаме да го добиеме Родриго, се посомневаа дека тој е подобриот од Винисиус и го купија и него. Реал Мадрид го купи Винисиус без да гледа ниту едно видео од него, – открива Андре Кари во интервјуто за „СЕР Каталуња“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни