Поврзете се со нас

НБА

Кари се израмни со Коби во неверојатната пресметка со Тејтум, Лејкерс славеше над најдобрата екипа во лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Ѕвездите на Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, Џејсон Тејтум и Стеф Кари ја одбележаа минатава ноќ во НБА лигата и тоа со нивната неверојатна шутерска пресметка во „Ти-Ди Гарден“.

Тејтум даде 44 поени со 10 скокови, Кари пак беше поуспешен со 47 кошеви и 7 скокови, ама на крајот се радуваше првиот или поточно Бостон Селтикс кој беше подобар од Голден Стејт Вориорс со 119-114.

Стеф со оваа партија дојде до еден неверојатен учинок, стана прв играч по легендарниот Коби Брајант кој успеал да даде 30 или повеќе поени на 10 мечеви во низа на возраст од 33 години или повеќе.

Од останатите битки вреди да се одбележи славјето на ЛА Лејкерс над Јута Џез, екипа која има најдобар ефект во досегашниот дел од шампионатот. „Езерџиите“ по дополнителни минути беа подобри со 127-115, комплетната петорка на победникот беше двоцифрена, а од нив се издвоија Драмонд со 27 и Шрудер и Колдвел-Поуп со 25 кошеви.

Прво име кај „џезерите“ беше Кларксон со уфрлени 27 кошеви.

Резултати:
ЛА Лејкерс – Јута 127:115
Чикаго – Кливленд 106:96
Вашингтон – Детроит 121:100
Бостон – Голден стејт 119:114
Милвоки – Мемфис 115:128
Феникс – Сан Антонио 85:111
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни