Кари расположен, Голден Стејт победнички го отвори финалето на Западот (Видео)

Тимот на Голден Стејт Вориорс победнички ја освои финалната серија против Портланд Трејл Блејзерс во западната конференција.

„Воините“ повтороно добро се снајдоа без услугите на повредените Кевин Дурент и ДеМаркус Казнс, односно ја израдуваа својата публика во „Оракл Арена“. Домаќините го контролираа мечот од почеток до крајот, а во прв план беше Стеф Кари кој реализираше 36 поени со 6 скокови и 7 асистенции.

Стеф имаше одлична поддршка од Томпсон со 26 кошеви, додека пак дбал-дабл запиша Грин од 12 поени, 10 скокови плус 5 асистенции. Кај гостите листата на стрелци ја предводеше Лилард со 19 кошеви.

Втората средба се игра исто на теренот на актуелниот шампион.

Facebook Коментари