Поврзете се со нас

НБА

Кари првпат заби во НБА лигата по пауза од шест години, Грајмс му го украде шоуто (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Катастрофалната серија на Филаделфија од девет порази во низа беше прекината рано утрово, откако Севентисиксерси успеаја да најдат начин како да се справат со Голден Стејт предводен од Стеф Кари.

Фантастичниот шутер повторно беше лидер во својот тим, но домаќините имаат еден навистина посебно расположен кошаркар, кој направи Филаделфија да ја запише првата победа на последните десет натпревари во НБА лигата.

Куентин Грајмс ја забележа најдобрата партија во својата кариера и со 44 постигнати поени го водеше својот тим до победа од 126:119, учинок со кој му го украде шоуто на Кари.

Стеф запиша 29 поени и имаше дури 13 асистенции, но се најде посебно во фокусот поради тоа што за првпат заби во НБА лигата по пауза од шест години.

Ѕвездата на „воините“ нема обичај да ги завршува акциите на таков начин, па по крајот на мечот нагласи дека ова ќе биде последното забивање кое се гледа од него.

– Ова беше најверојатно последното забивање од мене во кариерата. Еве, со сигурност ви кажувам дека тоа е тоа, – изјави Кари.

НБА резултати:

Шарлот – Вашингтон 100:113
Детроит – Бруклин 115:94
Хјустон – Сакраменто 103:113
Мемфис – Сан Антонио 128:130
Далас – Милвоки 117:132
Филаделфија – Голден Стејт 126:119

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни