Поврзете се со нас

НБА

Кари погоди тројка за победа, Мициќ блескаше на дебито за Шарлот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Стеф Кари го реши дербито меѓу Голден Стејт и Феникс, постигнувајќи решавачка тројка на помалку од секунда до крајот на дуелот во Сан Франциско.

Првата ѕвезда на „воините“ реши да оди на шут за победа и тоа успеа да го реализира на елегантен начин, обезбедувајќи важна победа за својата екипа со резултат 113:112.

Кари го заврши натпреварот со 30 поени, додека поефикасен од него беше само Букер од Феникс, кој постигна 32 поени на оваа средба.

Филаделфија ја прекина негативната серија со победа против Вашингтон, во која Макси постигна 28 поени, а продолжение имаше само на дуелот меѓу Орландо и Чикаго, кој на крајот им припадна на домаќините.

Вреди да се истакне и дебито на Василије Мициќ во дресот на Шарлот, во натпревар на кој тимот на поранешниот европски МВП славеше против Мемфис, а српскиот кошаркар постигна 18 поени во комбинација со 9 асистенции.

Бруклин – Сан Антонио 123:103
Шарлот – Мемфис 115:106
Орландо – Чикаго 114:108 (П)
Вашингтон – Филаделфија 113:119
Атланта – Хјустон 122:113
Њујорк – Индијана 111:125
Торонто – Кливленд 95:119
Голден Стејт – Феникс 113:112
Портланд – Њу Орлеанс 84:93

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни