Кари не игра, ама прави шоу крај аут линијата (Видео)

Стеф Кари поради повреда пропушти уште еден меч од плејоф серијата меѓу Голден Стејт Вориорс и Сан Антонио Спарс, но тоа не им пречеше на неговите колеги да слават со 116-101 и да поведат со 2-0 во оваа пресметка. Кари едоноставно можеше да ужива во мајстории на соиграчите и од клупата за резерви давеше максимална поддршка, а при една ситуација направи и мало шоу.

Тој како да почувствува дека „воините“ ќе дадат кош, па го напушти своето место и предвреме со кренати раце ја испрати акцијата при која поентираше Клеј Томпсон кој на оваа средба даде 5 тројки.

Facebook Коментари