Поврзете се со нас

НБА

Кари ја состави најдобрата петорка на сите времиња

Објавено

на

foto:x.com/usabasketball

Стеф Кари дефинитивно важи за најдобар шутер на сите времиња, ас кој одбележа една ера во кошарката, играч кој направи една револуција кога е во прашање неговата позиција.

Членот на Голден Стејт Вориорс се уште е меѓу најквалитетните кошаркари во НБА лигата, играч кој кога е во ритам, форма едноставно не може да се чува, нерешлива енигма на противниците. Неговиот збор дефинитивно има тежина, значање, па Кари уште еднаш имаше можност да одговори за прашање кое секогаш е интересно, најдобрите петмина, петорката на сите времиња.

Сигурно не е лесно да се избере и плејмејмејкерот минатата сезона ги избра Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, Тим Данкан, Меџик Џонсон и Коби Брајант, но сега направи промена и за „Dude Perfect“ ги изостави легендите на Лејкерс.

Во одбраното друшто се стави себеси, плус Леброн Џејмс, Џордан, Шек и Данкан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни