Поврзете се со нас

НБА

Кари ја исмеа ѕвездата на Мемфис: Кажа многу луди работи

Објавено

на

Екипата на Голден Стејт Вориорс го надигра Мемфис Гризлис и обезбеди пласман во финалето на западната конференција.

„Воините“ беа подобри во оваа серија во која „мечките“ не можеа да сметаат (најголемиот дел од истата) на првата ѕвезда Џа Морант, па тоа дефинитивно остави горчина кај младиот тим на Мемфис.

Имано Дилон Брукс по крајот на оваа битка порача дека е само прашање на време кога ќе го „изедат“ тимот од Сан Франциско.

-Тие знаат дека ќе мора да играат против нас секоја година. Ние сме млада екипа, а тие стареат, па се свесни дека секоја година ќе мора да се соочуваат со нас, -рече меѓу другото Брукс.

Стеф Кари реши да одговори и порача:

-Брукс кажа многу луди работи. Тој ги нарече Гризлис династија, па тоа е многу интересна изјава. Одиме во следната рунда, го играме финалето на Западната конференција и се враќаме на голема врата. Ајде одиме, -истакна плејмејкерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни