Поврзете се со нас

НБА

Кари ја имаше најлошата партија во кариерата, Шредер дебитираше со понижувачки пораз (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Голден Стејт се почесто ги прикажува своите целосно контрастни лица во НБА лигата, а рано утрово го презентираше своето најлошо на гостувањето кај Мемфис.

„Воините“ се посрамотија како ретко кога во најсилното кошаркарско друштво во Америка, бидејќи рано утрово беа понижени од Гризлис со 51 поен разлика.

Мемфис ја нокаутраше четата на Стив Кер и направи да изгледаат како членови на развојната лига, а победата од 144:93 ќе се памети и по најлошата партија на Стеф Кари во неговата кариера.

Најдобриот играч на Голден Стејт имаше ноќ за заборав и натпреварот го заврши со само два поени кои ги постигна од слобдни фрлања, додека од игра имаше шут 0/7, а за три поени 0/6.

Ништо подобар не беше ниту последното засилување Денис Шредер, кој на своето деби стартуваше со ужасен пораз и само пет поени од 12 обиди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни