Поврзете се со нас

НБА

Кари им одговори на критичарите со историска шутерска партија: Осум од осум за три поени (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Стеф Кари постави нови стандарди во НБА лигата кога е шут играта во прашање, но и покрај тоа што важи за најдобар шутер во историјата, неколкумина си дадоа за право да посочат дека тој е главна причина за падот на квалитетот во најсилната лига.

Шекил О’Нил последен порача дека Кари ја уништил кошарката со стилот на игра кој се обидуваат да го копираат голем број ѕвезди во НБА лигата, но веднаш по ваквата изјава на легендата, Стеф експресно најави дека нема да менува ништо и дека луѓето ќе продолжат да гледаат како ги „пали мрежичките“ со својот препознатлив шут.

Големата ѕвезда на Голден Стејт одговори на прозивките со ново историско издание рано утрово, бидејќи Стеф стана првиот играч кој постигнал 8 тројки од 8 обиди, а притоа испорачал и двоцифрен број на асистенции.

Кари немаше ниту едно промашување од дистанца на натпреварот против Филаделфија, дуел кој целосно го одбележа со своите 30 поени, 6 скокови и 10 асистенции.

Голден Стејт го доби овој меч со 139:105, па сега „воините“ стигнаа до биланс од 17 победи и 16 порази во НБА лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни