Поврзете се со нас

НБА

Кари и Томпсон си ја испробаа силата со сумо борач, не можеа да го мрднат од место (ВИДЕО)

Објавено

на

Почнаа подготовките за новата сезона во НБА лигата, а актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс е на турнеја во Азија поточно во Јапонија каде ќе одигра две пријателски средби против Вашингтон Визардс.

Во пресрет на тие дуели, „воините“ се запознаваат со локалната култура и обичаите, а меѓу другото главните ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон имаа можност да си ја одмерат силата со еден сумо борач.

Сумо борачот не ни беше во стандардната опрема, ама тоа не беше проблем да ја покаже својата надмоќ над Стеф и Клеј кои воопшто воопшто не можеа да го помрднат од место противникот и покрај вложениот напор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни