НБА
Кари блескаше во чудесниот триумф над Милвоки, Филаделфија со нова лекција за ривалот Бостон (ВИДЕО)

Тимот на Голден Стејт Вориорс ја забележа 24 сезонска победа во НБА лигата и тоа над Милвоки Бакс кого го доби во својот дом со 122-121.
„Воините“ губеа со 10 разлика на 4:31 до крајот, меѓутоа не се предадоа, покажаа карактер, знаење и направија пресврт со кој ја прекинаа серијата од три порази. Фантастичен беше Кари кој 30 од вкупни 41 поен ги даде во второто полувреме, а зад своето име додаде уште 6 скокови и 4 асистенции.
Одличен беше и Убре Џуниор кој 10 од 19 кошеви ги уфрли во завршниот период, плус не смее да се заборави учинокот на резервистот Бејзмор од 18 поени. Кај Милвоки за кои не настапи првата ѕвезда Адетокумбо поради проблеми со колената се истакнаа Мидлтон со 28 и Холидеј со 29 поени.
Филаделфија пак уште еднаш покажа дека е многу подобар тим од вечниот ривал Бостон Селтикс во оваа сезона. Имено 76-ките овојпат славеа со 109-96 со што дојдоа до 3-0 во меѓусебните битки, односно Филадефија за прв пат прави „чистка“ против „келтите“ од натпреварувачката 2000/2001.
Ембид даде 35 поени, пет тројки или вкупно 17 поени придодаде ветеранот Грин. Кај Селтикс Тејтум ја предводеше листата на стрелци со 20 поени. Фили со учинок 35-16 е на првото место на Истокот, составот од „Ти-Ди Гарден“ пак падна под 50 проценти и сега е на 7 позиција во истата конференција.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата