Поврзете се со нас

АТП

Карењо Буста за потегот на Ѓоковиќ: Тоа не беше намерно, ама…(ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ мораше предвреме да го заврши настапот на Ју-Ес Опен и тоа откако направи еден непромислен потег на дуелот со Пабло Карењо Буста.

Првиот светски рекет го загуби својот сервис во 11 гејм во првиот сет по што топчето кое го извади од џебот го испрати директно во главата на линиската судијка која веднаш падна на теренот на „Артур Еш“. Србинот веднаш сфати што направи, се обиде да помогне, се извини, но организаторите на крајот одлучија стрикно да ги следат правилата и да го диксквалификуваат од турнирот во Њујорк.

Доста коментари, реакции видовме во изминативе часови, а својот став за тоа што се случи го даде играчот со кој Ѓоковиќ се натпреваруваше, Шпанецот Карењо Буста кој смета дека правилата мора да се почитуваат и покрај тоа што немало намера во таа ситуација.

-Не, секако дека не беше намерно. Не верувам дека никој од нас играчите намерно прави ваква работа. Ова е само момент, му го одземав сервисот и знаете тој го фрли топчето. Мислам дека беше лоша среќа, зар не? Не можете тоа да ги направите но секако мислам дека Новак никогаш не сакал да ја погоди линиската судијка.

-Ама правила си се правила. Судијата и супервизорот ја направија вистинската работа, ама не е лесно да се направи тоа, нели? -рече Пабло кој во четвртфиналето ќе се соочи со Денис Шаповалов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни