Поврзете се со нас

АТП

Карењо Буста за бесните реакции на Ѓоковиќ и скршените рекети во мечот за бронза: Тоа значи дека…..

Објавено

на

Пабло Карењо Буста не искористи една меч топка во тајбрејкот во вториот сет и во тој момент се чинеше дека тоа скапо ќе го чини, но големиот борец не попушти во намерата да го обезбеди најголемиот успех во кариерата со освојувањето на бронзениот медал.

Иако го загуби сетот во кој пропушти меч топка и играше против најдобриот тенисер во светот, Карењо беше награден за неизмерната борба во текот на целиот меч кој траеше 2 часа и 40 минути, па на крајот го освои бронзениот медал откако ја материјализираше шестата меч топка за 6:3 во одлучувачкиот сет.

Самиот Пабло Карењо порача дека овој освоен медал на Олимписките игри е поважен од било кој трофеј кој го освоил, а доволно за тоа говореа и емоциите кои ги покажа по победата над светскиот рекет број еден.

Шпанецот одново се погрижи да видиме неверојатни фрустрации од Србинот кој фрлаше рекети на трибината и ги кршеше на теренот, па откако еден новинар направи споредба за она што се случи во Токио и она пред една година во Њујорк, Карењо Буста даде интересен одговор.

Пабло беше човекот кој го натера Новак на нервозна реакција минатата година на Ју-Ес Опен, која Ѓоковиќ го чинеше дисквалификација од турнирот. Карењо тогаш без борба се пласираше во наредната рунда, а вчера во мечот за бронза, бараше и казнен поен за Ноле кога овој беснееше на теренот.

– Сите овие работи, кршењето рекети и слично, се одраз на тоа дека неговата победа е загрозена. Тоа значи дека сум тежок противник и дека нема јасни решенија на теренот како обично. Кога прави такви работи против мене, треба да размислувам позитивно на тоа, бидејќи тоа всушност значи дека се чувствува некомотно на теренот. Новак е извонреден тенисер, го докажал тоа безброј пати, па поради тоа, оваа победа има уште поголемо значење, – изјави Карењо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни