Поврзете се со нас

Италија

Кардинале: Милан е заспан фудбалски џин

Објавено

на

Милан неодамна доби нов сопственик во инвестициската групација „РедБирд“, а нејзиниот предводник Џери Кардинале смета дека се работи за одличен бизнис потег кој ќе му помогне и на клубот да се врати во италијанскиот и европскиот врв.

Групацијата плати 1,2 милијарди евра за да го добие клубот од „Елиот Менаџмент“, а уште претходно „росонерите“ ја освоија титулата во Серија А по навистина долго време.

Кардинале зборувал на фудбалски форум, каде го објаснил потегот на неговата групација.

– Нашите активности се насочени кон тоа да го вратиме Милан на препознатливата позиција, а со тоа да помогнеме и во напредокот на Серија А.

– Милан е еден од највозбудливите проекти во кои сме влегле, мислам дека клубот е заспан фудбалски џин.

– Се работи за клуб кој има посебен имиџ и значителни успеси во Италија и Европа, брендот заслужува повеќе, а може да донесе и многу подобри финансиски резултати, – изјавил Кардинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни