Карате
Каратистите на Макпетрол освоија најмногу златни медали на младинскиот „Куп на Македонија“
Изминатиот викенд се одржа Изборниот карате турнир ,,КУП НА МАКЕДОНИЈА”, предвиден за селектирање на репрезентацијата која ќе учествува на претстојното светско првенство, а младинскиот тим на карате клубот Макпетрол освои најмногу медали.
СП ќе се одржи во Коња, Турција од 26- 30 Октомври, додека на изборното првенство учествуваа 220 каратисти од 49 клубови.
КК Макпетрол освои 6 златни и 1 сребрен медал за највисока позиција на табелата, додека зад него останаа Олимпик спорт 2007 со 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали, како и Штип со 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали.
Медалите за најуспешниот тим Макпетрол ги освоија:
1. Марија Петровска златен медал -55 кг , за постари јуниорки (У21)
2. Викторија Јовановска, златен медал – 61 кг, за постари јуниорки (У21)
3. Стефан Стојановиќ , златен медал – 84 кг , за постари јуниори (У21)
4. Витомир Трајковски златен медал -84 кг , за постари јуниори (У21)
5. Јована Мицовска златен медал – 59 кг за јуниорки
6. Данило Божовиќ, златен медал +76 кг, за јуниори
7. Димитар Лозановски, сребрен медал -76 кг , за јуниори
– Овој турнир во нашата периодизација за младите спортисти имаше многу значајно место , бидејќи овој КУП имаше пред се изборен и со критериумски карактер за влез во националната младинска репрезентација на Р. С. Македонија.
– Задоволен сум во целост од прикажаните борби и мотивираноста која ја покажаа нашите натпреварувачи на овој важен натпревар. За грешки немаше простор и затоа тие мораа да бидат максимално сконцентрирани, мотивирани и навремено да реагираат во сите ситуации и натпревари. За да бидат дел од националната селекција тие требаше да ги победат сите свои конкуренти и да го освојат златниот медал. По завршување на натпреварот можеме да кажеме дека процената и планот за успешност во целост е остварен и затоа можеме да бидеме многу задоволни.
– На светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори од нашиот клуб ќе имаме 6 (шест), спортисти, односно сите тие кои се првопласирани и освоија златен медал на овој натпревар во своите тежински категории. Сега на нас останува во преостанатиот временски период до заминување на светското првенство, што подобро да ги подготвиме, и да очекуваме тие да имаат добро и забележено учество на светското првенство, – изјави тренерот Бошко Заборски.
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор