Поврзете се со нас

Боречки спортови

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Објавено

на

Главниот град на Црна Гора од 23 до 25 февруари ќе биде домаќин на Балканското карате-првенство, а осум членови на „Макпетрол“ ќе бидат меѓу натпреварувачите.

Во Подгорица ќе учествуваат спортисти од 13 држави кои што ќе се соочат во машка и во женска сениорска конкуренција. Вкупно се пријавени 298 учесници.

Конкуренцијата на Балканското првенство е навистина силна. Пропозициите за учество дозволуваат да бидат пријавени најелитните и најдобро рангирани четири спортисти од секоја држава во секоја категорија.

Сите каратисти на „Макпетрол“ првично ќе настапат во поединечна конкуренција во своите тежински категории и потоа поголемиот дел од нив ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација во дисциплината борби (кумите).

Дел од машкиот тим на „Макпетрол“ се: Петар Заборски (-75 кг. и екипно), Витомир Трајковски (-84 кг и екипно), Давид Петков (-67 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.) и Димитар Лозановски (-67 кг.). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат: Ангела Мојсовска (-68 кг. и екипно), Викторија Јовановска (-61 кг. и екипно) и Јована Мицовска (-61 кг. и екипно).

Иако уредно пријавени, поради здобиени повреди на претходните настапи нема да учествуваат три искусни сениори и сениорки од „Макпетрол“: Симона Заборска, Стефан Стојановиќ и Петар Спасеновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни