Каратистите на Макпетрол со две бронзи се враќаат од силниот интернационален турнир во Хрватска

KKMAKPETROL

ВИкендов во Самобор, Загреб се одржа 29-тиот по ред карате турнир „Кроација Гранд При“ на кој учествуваа рекордни 1930 спортисти од 268 клубови и 22 национални репрезентации.

Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа на овој турнир за да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец Фебруари 2020 год во Будимпешта, Унгарија.

Од нашите каратисти со медал се закитија Стефан Стојановиќ во категоријата јуниори до 76 кг. и Марија Петровска во катеогријата јуниорки до 48 кг.

Стефан Стојанович до медалот стигна со пет победи и еден пораз во полуфиналната борба, додека Марија Петровска имаше одличен настап , и таа се наметна како спортистка на која може да се смета дека на европското првенство ќе се замеша во борбите за висок пласман или медал.

– Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен турнир за младите возрасни категории. Посебно се квалитетни составите во кадети, јуниори и постари јуниори. Бидејќи ова е последна проба и контрола пред официјалното европско првенство, кое треба да се одржи во Будимпешта Унгарија. Затоа во Хрватска допатуваа 22 национални репрезентации со своите комплетни пошироки состави. Ние освоивме две бронзени медали и поради тоа сме секако задоволни, Од нашите спортисти исто така добри борби прикажаа и имаа по две победи репрезентативците: Абдурахим Идризи, Витомир Трајковски и Викторија Јовановска. Сега ни преостанува последниве две недели да ги поправиме недостатоците кои ги воочивме и да им посакаме на младите репрезентативци да имаат добро претставување на европското првенство, -изјави тренерот на клубот Бошко Заборски.

Facebook Коментари