Карате
Карате клубот Макпетрол издоминира на државното првенство во Скопје
Карате клубот на Макпетрол оствари најголеми успеси на државното првенство на сениори и сениорки кое се одржа изминатиот викенд, турнир на кој освои дури 13 медали, од кои 8 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.
Одржаното Државно првенство беше критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец мај треба да настапи на европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска, а сите учесници кои освоија први места обезбедија учество на европското првенство и ќе не преставуваат во Хрватска.
– Многу сме задоволни од постигнатиот резултат на овогодишното најважно државно првенство за сениори-ки. Истовремено сме многу горди и среќни за постигнатите резултати на сите наши каратисти. Оваа година покажавме максимална доминација во сите тежински категории во поединечна конкуренција но и во екипните настапи.
– Од вкупно 12 златни медали колку што можат да се освојат на првенството ние како клуб имавме девет финалисти, а успеавме да освоиме осум златни медали, тоа е резултатски најголем број на златни медали од постоење на карате клубот Макпетрол а тоа се 25 години во врвот на Македонското карате.
– Резултатот не е случаен ние и минатата година имавме 7 златни медали на истото државно првенство, така да веќе во континуитет го покажуваме нашиот квалитет, кој се должи на многу квалитетниот потенцијал кој го има клубот во натпреварувачки кадар. Имено скоро сите спортисти од нашиот клуб се повеќекратни европски и светски медалисти, затоа и резултатите се на ова ниво. Сега преостанува да се подготвиме сериозно за настапот не европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Хрватска.
Имињата на натпреварувачките кои станаа државни шампиони:
Државни прваци станаа:
-Сара Радичевска -50 кг,
-Симона Заборска -55 кг,
-Моника Пендаровска -61 кг
-Ангела Мојсовска -68 кг,
-Екипно жени борби во состав: Симона Заборска (капитен), Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровски Викторија Јовановска,
-Абдурахим Идризи -60 кг,
-Давид Петков -67 кг
-Петар Спасеновски -84 кг
Сребрени медали освоија
-Марија Петровска -50 кг
-Машкиот тим во борби во состав: (Заборски Петар, Спасеновски Петар, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).
Бронзени медали припаднаа на ;
-Роберто Ацковски -67 кг
-Викторија Јовановска -61 кг
-Глигор Петков -84 кг
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор