Караско: Му дадов гол на Реал во финалето во ЛШ со здрвена нога!

karasko-slavi

Јаник Караско изминатиов зимски преоден рок направи шокантен трансфер во Кина, па ако треба да се избере еден момент по кој посебно го паметат фудбалските фанови од неговата етапа во Атлетико Мадрид, тоа секако е голот кој го постигна во големото финале во Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал.

Белгиецот постигна гол во финалето во 2016 година непосредно откако влезе во игра во второто полувреме, а сега во интервју за телевизијата „Беин“ открива дека погодокот против Реал на „Сан Сиро“ го постигнал со здрвена нога, бидејќи претходно му била инјектирана инекција поради недоволно залечената повреда.

– Пред финалето не бев доволно залечен и ми дадоа инекција за да ја намалам болката во стапалото. Поради тоа, моето стапало беше здрвено. За време на првиот дел додека седев на клупата, моето стапало беше комплетно здрвено. Губевме по првиот дел и ми рекоа дека влегувам во игра во второто. Влегов во игра и го утнав првиот пас бидејќи не ја чувствував ногата. Потоа почнав да чувствувам некои движења и одненадеж постигнав гол против Реал со здрвената нога, – открива Караско во интервјуто за „Беин Спортс“.

 

Facebook Коментари