Македонија
Каран повторно ќе го води Шкупи: Можеме да бидеме шампиони!

Тимот на Шкупи се одлучи да се раздели со Муарем Бајрами, а негов наследник ќе биде Умит Каран кој во минатото го водеше клубот од Чаир.
Каран верува дека оваа екипа има квалитет, потенцијал да ја освои титулата во домашниот фудбалски шампионат.
-Прво сакам да им се заблагодарам на сите, во животот имам два клуба кои ги сакам, едниот е Галатасарај, а другиот е Шкупи. Драго ми е што повторно сум во Скопје и ќе продолжам да работам таму каде што застанав, да ја завршам работата докрај. Големо благодарам до сопственикот Олгун Ајдин како и на спортскиот директор и на претседателот Суат Алија што ми овозможија повторно да бидам тука.
-Во фудбалот нема ништо сигурно. Поранешниот тренер Муарем Бајрами е мој добар пријател со кој имавме одлична соработка во минатото, тој беше капитенот на тимот, јас тренер , ама во фудбалот се случуваат неочекувани работи. Му се заблагодарувам за се што направи. Се надеваме дека овој тим ќе може да направи големи работи и ќе станеме шампиони на крајот на сезоната. Имаме квалитетен состав и треба да работиме напорно за да ги оствариме целите, -порача Каран кој ќе дебитира против Борец од Велес.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)