Поврзете се со нас

Англија

Карагер заљубен во играчот на Арсенал кој е игнориран од Саутгејт: Нема подобар од него со топка во нозе

Објавено

на

Емил Смит Роу е еден од плејадата млади англиски фудбалери кои станаа екстра популарни во родната земја во изминатите две сезони, но талентираниот играч на Арсенал е еден од ретките кои се уште не добива повик за најсилната селекција.

Герет Саутгејт и натаму го игнорира 21-годишниот офанзивен фудбалер кој ја носи „10-та“ на грбот како член на Арсенал, но Џејми Карагер е убеден дека тоа набрзо ќе се промени, особено со изданија како она синоќа против Астон Вила.

Смит Роу блескаше на средбата против тимот од Бирмингем и запиша еден гол и една асистенција, но она што посебно го воодушевува Карагер е неговиот лесен трк со топката, кој прави да има предност против ривалите речиси во секоја ситуација.

– Смит Роу набрзо ќе влезе во англискиот тим и сигурен сум дека ќе добие повик. Не се сомневам во тоа. Има многу добри млади играчи во Англија, но ќе дојде и неговото време. Има други играчи кои се пред него во моментов, но јас сум навистина заљубен во тоа момче.

– Секогаш сакам да му оди добро на теренот, да го гледате во најдобро светло е вистинско уживање. За мене, тој е најдобар играч со топката во нозе во Премиер лигата, нема подобар од него. Тој е толку возбудувачки, неговата брзина со топката во нозе е извонредна, како само ја движи топката. Специјален талент, може да игра на сите четири позиции во нападот и тоа е целосен пакет за секој тренер, – потенцира Карагер по победата на Арсенал од 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни