Поврзете се со нас

Англија

Карагер за засилувањата кои му се потребни на Арсенал за да ја добие битката со Ливерпул: На Артета му требаат…

Објавено

на

Арсенал со победата на Ипсвич од 1-0 дојде до второто место на табелата во Премиер лигата, но во моментов се уште е далеку од лидерот Ливерпул кој има предност од шест бода со можност позитивата да биде седум или девет поени ако „црвените“ го добијат заостанатиот натпревар со градскиот ривал Ливерпул.

Повеќе од јасно е дека „топчиите“ ќе мора да се стегнат, да врзат низа на добри резултати и да го користат секој кикс на Ливерпул, ако сакаат да бидат конкурентни во борбата за пехарот што нема да биде лесно особено сега кога подолго време ќе го нема Букајо Сака, еден од клучните играчи во тимот.

Џејми Карагер во улога на стручен аналитичар верува дека неговиот поранешен клуб е во одлична позиција и ако нема некој повреди очекува пехарот да се врати на „Енфилд Роуд“. Во исто време во својата анализа говореше и за Арсенал за кого смета дека му се потребни најмалку две квалитетни засилувања во нападот ако сака да му биде вистински конкурентен на Ливерпул, односно да може да слави, освојува пехари.

-Без разлика дали ќе останат без пехар во оваа сезона, Арсенал ќе треба да се освежи во 2025 година. Тие се кратки во напаѓачкиот дел во споредба со Ливерпул и Челси. Онаму каде што Слот има пет напаѓачи за избор (кога сите се фит) – и многу од нив се од различен профил – Артета премногу се потпира на истите играчи, ниту еден повеќе од Букајо Сака. На секој тим би му фалел играч од неговата класа, но реакцијата на повредата на Сака покажува дека тој има преголема одговорност.

-На Артета му требаат уште најмалку двајца врвни напаѓачки играчи. Не зборувам за резервни играчи во случај на повреда, туку за стартери кои ќе го натераат менаџерот на противникот да погодува каков ќе биде стартниот составм -вели Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни