Поврзете се со нас

Англија

Карагер за трката за титулата по повредата на Родри: Сега шансите се…

Објавено

на

Манчестер Сити го загуби Родри до крајот на сезоната и тоа откако се повреди на дербито со Арсенал во Премиер лигата.

Се работи за повреда која е потребен долг процес на рехабилитација, па тоа значи дека Пеп Гвардиола ќе мора да бара други решенија со кои ќе го замени играчот кој беше незаменлив, играчот кој можеби е и најзначаен во екипата.

Времето ќе покаже како Сити ќе се снајде без Шпанецот, а во меѓувреме Џејми Карагер кој постојано е активен како аналитичар, коментатор на сите случувања особено на оние на островот даде свој став за трката за титулата.

Тој пред почетокот на сезоната посочи дека Сити ќе биде шампион, но сега по отсуството на Родри го промени својот став.

-Сега шансите се 50/50. Тие никогаш не губат кога тој игра. Мислам дека отсуството на Родри е повеќе удар за Лигата на шампионите отколку за Премиер лигата. Тие четвртфинале, полуфиналиња – таа улога главен играч од средниот ред, натпреварите надвор од дома и контролата на натпераврите, -порача Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни