Поврзете се со нас

Англија

Карагер за тоа каков тип на играч му е потребен на Ливерпул: Нема многу за менување, но…

Објавено

на

Некогашниот англиски репрезентативец, Џејми Карагер по завршувањето на кариерата остана во фудбалот, но како стручен аналитичар и постојано од свој агол дава свои анализи, коментира, мислења за натпреварите од Премиер лигата и секако тоа што е актуелно во моментов во овој спорт.

Секако неговиот Ливерпул е омилена тема со оглед на тоа што е домашен терен особено сега кога „црвените“ во последниве години земаа залет и се меѓу најдобрите екипи во Англија, Европа и светот.

Меѓутоа без разлика на успесите, титулите, на секој тим му се потребни одредени промени, нова енергија, конкуренција, па така според Џејми на клубот од „Енфилд Роуд“ му треба еден врвен играч од офанзивната линија.

-Пред пандемијата мислев дека има добри шанси за Вернер да дојде во Ливерпул. Ама сега не знам како клубот стои финансиски. Видов нешто на Твитер за финансиските резултати на Манчестер Јунајтед, па очекува слични последици да има и Ливерпул.

-Сигурен сум дека ќе влијае на пазарот. Ама Ливерпул не може да се жали за тимот во моментов, тие загубија еден лигашки меч сезонава и еден во минатата. Нема многу за менување, ама чувствувам потребен е врвен дефанзивец, ама ако нема финасии, нема тоа да се случи, -вели Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни