Англија
Карагер за тиранинот Џордан: Јас сакав да удрам мој соиграч на теренот
Мајкл Џордан уште пред емитувањето на „Последниот танц“, најави дека сите ќе го видат неговото друго лице и дека многумина ќе бидат ужаснати од тоа што го правел во обидот да дојде до шампионските прстени, а како што самиот прогнозираше, во изминатиов период видовме доста изјави со кои се упатуваат остри критики кон Ем-Џеј, започнувајќи од противниците, па се и до неговиот соиграчи.
Џордан сега многумина го доживуваат како тиранин кој насилнички се однесувал кон своите најблиски колеги во тимот, но во очите на Џејми Карагер, тоа е одлика за голем шампион и пример за тоа како се остваруваат зацртаните цели кои се на највисоко можно ниво.
Легендарниот стопер на Ливерпул потенцира дека е воодушевен од документарецот на Џордан, а на сите оние кои им смета неговиот лидерски карактер, им сподели една своја приказна кога за малку не се степа со Алваро Арбелоа на теренот.
– Кога си страствен во тоа што го правиш, знаат да те совладаат емоциите и да ја минеш границата. Лесно се минува границата кога имаш амбиции.
– На пример, јас на фудбалкиот терен, сакав да го ударм мојот соиграч Арбелоа. Се случи на натпревар против Вест Бромвич и беше речиси готово ако не дојдеше Чаби Алонсо да не раздели.
– Тоа беше моментална фрустрација, немаше ништо длабоко. Не можевме да ја освоиме лигата, но имаше зошто да се бориме на тој меч, а тоа беше да не примиме гол, – објаснува Карагер.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка