Поврзете се со нас

Англија

Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа

Објавено

на

Реал Мадрид вчера оствари голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити, а голем број фанови сметаат дека домашните фанови непотребно ги мотивирале ѕвездите на шпанскиот клуб со провокативниот банер на трибините.

Домашните фанови потсетија на „Златната топка“ освоена од Родри и „поразот“ на Винисиус и Реал Мадрид во битката за индивидуалното признание, а Џејми Карагер во своето гостување во студиото на „Си-Би-Ес“ потенцирал дека домаќините постапиле погрешно во оваа ситуација.

– Зошто решија да провоцираат дел од најдобрите фудбалери во светот?

– Знам дека во Реал реагираа како бебиња и не отпатуваа на доделувањето на „Златната топка“, но Сити требаше да се однесува како голем клуб.

– Сите му се смееаја на Реал за одлуката, тоа беше засрамувачки за клуб од таков ранг, само затоа што не ја освоиле наградата една година. Но, Сити не требаше да се инволвира во таа ситуација, требаше да покаже класа, – рекол Карагер.

Фановите на Сити по натпреварот објасниле дека банерот бил наменет за Флорентино Перез, а не за Винисиус кој беше директен ривал на Родри во битката за признанието.

Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни