Лига на шампиони
Карагер за победата на Ливерпул: Ова е еден од најголемите грабежи во фудбалот (ВИДЕО)

Ливерпул беше невидлив на „Паркот на принцовите“, ама и со таков настап успеа да го добие Пари Сен Жермен со 1-0 и со тоа да си го отвори патот кон четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Премиерлигашот беше апсолутно надигран во француската престолнина, противникот доминираше од почеток до крајот, имаше над 70 проценти посед на топката, скоро 30 упатени удари, меѓутоа гостите го имаа брилијантниот Алисон Бекер, а и ја искористија својата шанса во 87 минута кога резервистите Нуњез и Елиот комбинираа и ја затресоа мрежата на Донарума.
Џејми Карагер како легенда на Ливерпул беше шокиран од настапот на лидерот во ПЛ, па овој натпревар искрено и директно го опиша како еден од најголемите грабежи во фудбалот.
-Дали Ливерпул се извлече? Ова беше еден од најголемите грабежи што сте ги виделе во фудбалот. Навистина е така. Не можам да верувам во она што штотуку го видов, не можам. ПСЖ беше апсолутно извонреден, тие беа брилијантни. Го разбија Ливерпул.
-Последен пат кога Ливерпул го освои ова натпреварување, Алисон направи одбрана против Наполи за да го задржи Ливерпул на турнирот и тоа секогаш се гледаше како одлучувачки момент. Ова не беше само една одбрана вечерва, но беше веројатно најголемиот настап во неговата кариера, секако неговата кариера во Ливерпул. Ако Ливерпул продолжи и го освои ова натпреварување – и тие имаат големи шанси бидејќи се многу подобри од она што го видовме вечерва – ова настап на Алисон ќе се памети во годините што доаѓаат, -истакна Џејми за „Си-Би-Ес Спортс“.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)