Поврзете се со нас

Англија

Карагер за најголемото изненадување во ПЛ: Ако го победат Ливерпул, тие се во трката за титулата!

Објавено

на

foto: x.com/NFFC

Премиер лигата е највозбудливото, најкомпетитивното натпреварување на светот, шампионат во кој секој може секого да победи, изненади, да го фати тешка криза како Манчестер Сити во оваа сезона, но и да има тимови кои се надминуваат и ги шокираат сите фудбалски фанови.

Таков тим во оваа кампања кој засега ги надмина сите очекувања е некогашниот европски првак Нотингем Форест кој игра брилијантно, односно од состав кој до лани се бореше за опстанок сега според резултати може да игра и во Лигата на шампионките.

Попиларните „шумари“ вчеравечер лесно се справија и со Вулверхемптон кого го суредија со 3-0 и со тоа дојдоа до шестото славје во низа. Сега избраниците на Санто се на делба на второто место со Арсенал со само шест бода помалку од лидерот Ливерпул со кого се соочуваат на „Сити Граунд“ на 14 јануари.

Тие еднаш веќе ги суредија „црвените“ на нивни терен, па легендарниот Џејми Карагер излезе со интересна теза, став притоа посочувајќи дека ако Нотингем уште еднаш го добие Ливерпул, тогаш тие ќе бидат легитимни кандидати за титулата.

-Ако го победат Ливерпул, тие се во трка за титулата. Она што би го рекол во моментов е дека ако во Лигата на шампионите се пласираат првите пет екипи, тие имаат пеколна шанса, -порачал Џејми за „Скај Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни