Свет
Карагер за кариерата на Азар: Во минатото би било поинаку…

Еден Азар официјално ја заврши фудбалската кариера, а нејзиниот тек донесе и интересна дебата и коментари од фудбалската јавност.
Белгиецот играше фантастични сезони во Премиер лигата, но не успеа да ги повтори таквите настапи откако се пресели во Реал Мадрид, па многумина се под импресии на последните години и подзаборавија на доминацијата на Белгиецот во престижната лига.
На тоа алудира и Џејми Карагер, кој реши да му посвети твит на Азар, односно да даде оценка за она што го постигнал. Поранешниот дефанзивец смета дека настапите на Белгиецот во Премиер лигата се доволни за да биде запаметен како голем играч.
– Беше најдобар играч во Премиер лигата четири години, ги освои сите индивидуални признанија и сите трофеи со Челси, со исклучок на Лигата на шампионите.
– Според мене, беше и најдобар играч на СП во 2018 година, на кое Белгија го освои третото место.
– Се работи за еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата и сигурно ќе се најде во изборот на најдобриот тим на многумина. Во минатото тоа ќе беше доволно за некој да биде сериозно почитуван, но во денешно време за многумина тоа не е доволно. Само поради тоа што не го повторил успехот во Реал и на СП, – вели Карагер.
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Европски куповипред 24 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Шпанијапред 11 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!