Поврзете се со нас

Англија

Карагер за еден свој поранешен соиграч: Немам видено повалкан и погруб фудбалер од него!

Објавено

на

Џејми Карагер цела своја играчка кариера му ја посвети на еден клуб и цел свој професиоанлен живот го мина во Ливерпул, клуб во кој стартуваше како младинец во 1988 година, а се пензионираше во 2013-та година.

Во периодот од 25 години, легендарниот Џејми доживеа секакви ситуации како еден од најважните играчи во англискиот великан, па токму поради тоа, неговата последна изјава посветене за еден негов добар познаник и фантастичен соиграч привлече големо внимание.

Карагер во интервјуто за „Quickly Kevin“ подкастот откри дека никогаш во својата кариера не запознал погруб и повалкан фудаблер од Мајкл Овен, неверојатно талентираниот напаѓач кој своевремено беше најдобар играч во светот (ја доби „Златната топка“ во 2001-ва година), но кој според Џејми не бил толку наивен и мек како што изгледа.

– Го познавам Овен уште од младинската школа, тој ни се придружи како младо момче. Можам да ви тврдам дека тој млад тим на Ливерпул беше неверојатно физички силен и груб. Постојано летаа стартови на сите страни, но кога се појави Мајк, сите почнавме да се фаќаме за глава.

– Сите деца бевме од улиците во Ливерпул, но тоа момче од Честер беше лудо, не можете да претставите какви стартови правеше на тренинзите, буквално ги прегазуваше луѓето на теренот. Таков продолжи да биде и по дебито во првиот тим за Ливерпул. Се сеќавам дека еднаш го уништи Шмајхел, намерно го постави стапалото за да се удри во него. Се сеќавам дека еднаш со две нозе собори играч на Евертон, мислам дек беше Дејвид Вир. Да бидам искрен, никогаш немав видено нешто такво. После сите тие случувања, еден од неговите агенти го предупреди дека добива многу лоша репутација, дека не смее да го прави тоа. Тој разговор како да го рестартираше, никогаш повеќе не видов ниту еден од неговите ужасни стартови, – открива Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни