Поврзете се со нас

Англија

Карагер за ѕвездата на Јунајтед: Тој не е доволно добар за Арсенал

Објавено

на

Манчестер Јунајтед се обидува да се крене и создаде позитивна атмосфера под водство на новиот менаџер Рубен Аморим на кого дефинитивно ќе му биде потребно време за да добие тим по негови критериуми, тим кој ќе го испорача тоа што го посакува на теренот.

Меѓутоа дел од тој состав дефинитивно нема да биде Маркус Рашфорд кој е на излезни врати од клубот, поточно се очекува истиот да го напушти веќе на почетокот на 2025 година, зимскиот преоден рок.

Медиумите шпекулираат со клубовите, па Џејми Карагер имаше што да каже на оваа тема.

-Мислам дека е време тој да продолжи, но видов работи во весниците за Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Тоа е Маркус Рашфорд… дали нешто пропушттам? Тој не може да влезе во тимот на Манчестер Јунајтед, тој не е ниту во англиската репрезентација, -истакнал Џејми кој запрашан од Невил за тоа дали напаѓачот би можел да го подобри Арсенал, одговорот беше следен:

-Рашфорд? Не! О, боже, тој имаше четиримесечна магија под водство на Ерик тен Хаг кога Јунајтед беше во ритам. Тој беше многу добар играч за Јунајтед и многу добар играч во Премиер лигата, но тој не е [Мохамед] Салах, [Садио] Мане или [Букајо] Сака. Не е ниту во составот на англиската селекција, -завршил Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни