Поврзете се со нас

Англија

Карагер во елемент по новиот трансфер на Челси: За Феликс треба да се постави само едно прашање (Видео)

Објавено

на

Енцо Мареска располага со 40 играчи и беше приморан да прецрта барем 15 за да има нормални тренинзи со првиот тим, но дури и во такви услови, лондонскиот клуб не престанува да троши на трансфер пазарот.

Политиката која ја негува Тод Боли стана конфузна и за најверните и најоптимистички настроените фанови на клубот, па навивачите веќе и не се радуваат на новите фудбалери кои се купуваат за голема супа на пари.

Последната ѕвезда која му се приклучува на Челси е Жоао Феликс, а откако медиумите открија дека станува збор за операција вредна 60 милиони евра, Џејми Каргер испрати јасна порака до играчите кои сакаат да бидат сериозно предизвикани во своите кариери.

– Не знам зошто било кој играч би потпишал за Челси. Единтвената причина се парите кои ги добиваат и долгите договори на седум години. Агентите сигурно им велат дека тоа им носи гарантирани пари цели седум години. Јас би велел вака: Потпишете четиригодишен договор за вистински клуб и не одете во Челси.

– Не знам каде ќе игра Жоао Феликс. Го купија Педро Нето пред една недела, а веќе го имаат и Палмер. Тука е и Енцо Фернандез, каде ќе игра и Нкунку? Ме прашувате каде ќе игра, но јас ќе ве прашам друго: Каде ќе се пресоблече во тренинг центарот? Смртно сум сериозен со ова. Не знам каде се пресоблекуваат. Ако имаш 40 играчи во првиот тим, како ги собира во соблекувалната?, – вели Карагер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни