Поврзете се со нас

Англија

Карагер упати „отровни стрели“ до новото засилување на Челси: Па каде игра тој?

Објавено

на

Стручниот аналитичар на „Скај Спортс“, Џејми Карагер се запраша што се случува со скапото засилување на Челси, Каи Хаверц, кој веќе втор натпревар не покажува ама баш ништо во новиот клуб.

Карагер постави јавно прашање, веројатно упатено до Френк Лампард, дали Хаверц може да игра во овој систем на Челси.

21 годишниот фудбалер вчера одигра само 45 минути против Ливерпул, а беше невидлив и против Брајтон, па токму затоа тој не ги собра импресиите како неговиот колега Вернер кој сосема солидно се претстави во првите две кола за клубот.

– Гледам и си мислам каде игра Каи Хаверц? Дали му одговара формација 4-3-3? Тој повеќе изгледа како број 10, а таквите играчи ги нема многу во фудбалот сега. Каде играше против Ливерпул? Не верувам дека ќе му одговара на Челси, -изјави Карагер.

Хаверц играше одлично во дресот на Баер Леверкузен на позицијата офанзивен играч за врска, но во Челси во првите две кола играше како крилен фудбалер.

Во формацијата која ја форсира Лампард, нема место за офанзивен играч за врска, па така Хаверц ќе мора да се навикне на крилните позиции доколку сака да успее на „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни