Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер стигна до големото финале по пат на елиминации и прогнозира епски дуел во Минхен (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Џејми Карагер како стручен аналитичар на „Си-Би-Ес“ вчера доби шанса да го одреди патот на сите 16 претставници во осминафиналето во Лигата на шампиони, или поточно, доби за задача по пат на елиминации да го прогнозира големото финале кое ќе се игра во Минхен.

Легендата на Ливерпул ги избра Реал, Арсенал, Ливерпул, Астон Вила, Барселона, Борусија, Интер и Леверкузен како тимови кои ќе се пласираат во четвртфиналето, а без многу дилеми ги реши и полуфиналните предизвици.

Џејми типува победа на Реал во две пресметки со Арсенал, смета дека Ливерпул би имал лесна задача против Астон Вила, додека на спротивната страна од жребот, гледа победи на Барселона против Борусија, односно Интер над Леверкузен.

Во полуфиналињата предност им дава на Реал Мадрид и Барселона, па така стигна до посакувано и епско „Ел Класико“ финале меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Иако каталонците им одржаа две лекции на избраниците на Карло Анчелоти оваа сезона, Џејми типува дека младиот тим на Барса би загубил од Реал во финалето во Минхен.

Сличен избор во патот до финалето имаше и Мика Ричардс, кој исто така типува победа на Реал, со исклучок на тоа што смета дека „кралевите“ во финалето ќе играат против Интер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни