Англија
Карагер со тип пред големото дерби на „Енфилд“: Давам прогноза која може да ме прогонува во иднина
Ливерпул запиша 17 победи на првите 19 официјални натперевари на Арне Слот како менаџер на првиот тим, но овој последниот над Реал Мадрид пристигна во најдобар можен момент.
Лидерот во Лигата на шампионите и Премиер лигата изгледа како најдобар европски тим во овој момент, а со таква самодоверба во недела ќе го пречека и големиот ривал за титулата во домашното првенство.
После четири последователни титули во Премиер лигата, Сити изгледа пораздрмано од било кога, па ако загуби во недела на „Енфилд“, Ливерпул ќе има неверојатни 11 бода предност по само 13 комплетирани рунди.
Ова можно сценарио носи големи реакции и во англиската јавноста, од каде денеска ни пристигна и една интересна изјава на Џејми Карагер.
– Со мала доза на двоумење, решив да дадам прогноза која во иднина може да ме прогонува поради „факторот Гвардиола“. Сепак, ќе го кажам следново: Ако Сити загуби од Ливерпул во недела, актуелниот шампион ќе остане без можност да ја брани титулата уште пред Божиќ, – порачува Карагер.
-
Англија21 час
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија24 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА22 часа
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија23 часа
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Шпанија10 часа
Лудница на „Метрополитано“: Гризман погоди во 94 минута, Атлетико го доби неверојатниот меч со седум погодоци (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија14 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Италија14 часа
Маикон со емотивна видео порака за Пандев: Никогаш нема да заборавам еден твој гол