Поврзете се со нас

Англија

Карагер со прва реакција за заминувањето на Клоп: Каков менаџер…

Објавено

на

Разделбата на Јирген Клоп и Ливерпул ќе се случи по крајот на актуелната сезона, тајминг кој изненади многу фанови, а го разочара и Џејми Карагер.

Легендата на „црвените“ реагираше експресно откако клубот ја соопшти веста за заминувањето на Клоп, истакнувајќи го фактот што Ливерпул ќе загуби навистина импресивен стручњак.

– Оваа вест ќе беше голем шок и удар за клубот кога и да беше соопштена.

– Само се надевав дека нема да ја прочитам барем уште неколку години.

– Каков менаџер, каков човек, замини со голем удар Клоп, – напиша Карагер, алудирајќи на освојување уште некој трофеј во последната сезона во која Германецот го води Ливерпул.

Шок од Ливерпул: Клоп заминува од „Енфилд“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни