Поврзете се со нас

Англија

Карагер со порака за Клоп: Јасно е што треба да направи Ливерпул на реваншот

Објавено

на

Фановите на Ливерпул беа шокирани од исходот на вчерашниот дуел со Аталанта во Лига Европа, а нивните миленици ќе имаат тешка задача доколку сакаат да ја неутрализираат негативата од три гола на реваншот во Бергамо и да останат во игра за трофејот во европскиот куп.

Ливерпул мора да ја продолжи сезоната концентриран на битката во Премиер лигата, а Џејми Карагер смета дека Јирген Клоп и неговите играчи експресно треба да се откажат од Лига Европа и да ги насочат сите сили кон евентуален успех во домашното првенство.

– Катастрофален резултат и настап на Ливерпул.

– Единствената утеха по ваков тежок пораз е тоа Јирген да го одигра реваншот со втор тим и да се концентрира само на домашното првенство, – твитнал Карагер по мечот на „Енфилд“.

Следен противник на Ливерпул е Кристал Палас во недела од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни