Поврзете се со нас

Англија

Карагер со остар коментар за фудбалерите на Ливерпул, а од критики не го поштеди ниту Клоп

Објавено

на

blank

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер повторно се најде во улога на стручен аналитичар, овојпат за натпреварот помеѓу неговиот поранешен клуб и Челси.

Карагер не пропушти прилика да ги критикува избраниците на Јирген Клоп за кои вели дека како да не сакаат да постигнат голови, а посебно го издвои Мохамед Салах кој и вчера беше изваден од игра пред самиот крај на натпреварот.

– Ги загубија головите, не изгледа како да сакаат да даваат голови. Дури и на 20 минути до крајот на средбата не чувствувате дека Ливерпул ќе постигне гол. За да паднеше гол на овој натпревар требаше Челси да направи огромна грешка, не сте баш сигурни од каде би можеле да дојдат головите.

– Не ми се веруваше дека Салах излезе од игра, чудно беше да се види како најдобриот стрелец на клубот излегува од игра. Сепак, Клоп никогаш не бил срамежлив по тоа прашање, но јасно е дека Салах не беше ни приближно добар денеска.

– Кога ти е потребен гол треба да оставиш што повеќе играчи на теренот кои може да ти го донесат голот. Ако Салах можеше да донесе три поени за викендот, можеби Клоп требаше да го остави. Како и да е, мора да направат нешто големо на трансфер пазарот за да почнат да постигнуваат голови, -изјави Карагер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни