Поврзете се со нас

Свет

Карагер со негативен коментар за „Венгер-правилото“ кое може да се воведе во фудбалот: Тоа ќе биде катастрофално (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсен Венгер е дел од административниот тим на ФИФА и веќе неколку години работи како човек кој е задолжен за развој на фудбалската игра, но од сите новитети кои ги има во својата глава, најмногу отскокнува правилото за офсајд кое веќе го презентираше и кое може да добие уште поголемо значење во блиска иднина.

Французинот предложи веќе да не се бројат милиметри во фудбалот и да му се даде блага предност на напаѓачот во однос на дефанзивците при исклучително „тесна“ ситуација, па откако неговото правило почна да се тестира во младинските лиги во Шведска, Италија и Холанија, планот е предлогот да добие и посериозен карактер со тест во најсилните лиги.

Оваа најава предизвика доста реакции во јавноста и фудаблските фанови се поделени околу правилото на Венгер, а еден од оние кои први се јавија со официјален став е Џејми Карагер.

– Ова ќе биде катастрофално за фудбалот, бидејќи тимовите ќе почнат да се бранат целосно поинаку од тоа што го гледаме сега.

– Ќе има многу ниски блкови и тимови кои играат негативен фудбал. Како ќе се браните од прекин? Не е потребно да им даваме уште поголема предност на напаѓачите, во фудбалот сега се постигнуваат повеќе голови од било кога!, – порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни